За нас

Фондација

Евро Центар

Од своето основање во 2001 година до денес, Фондација Евро Центар – ФЕЦ, делува во 6 области на интервенција:
  • Општество
  • Економија
  • Образование
  • Истражување
  • Животна средина
  • Млади
ФЕЦ делува согласно законската легислатива на Македонија за непрофитни организации и соработува со владини институции (централно, регионално и локално ниво), бизнис сектор и граѓански организации во и надвор од Македонија.

Мисија и визија

Својата мисија и визија кои се поврзани со денешната перспектива за развој во сите сфери на функционално општество, Фондација Евро Центар ги реализира со екстензивни акциони планови во согласност со заклучоците од спроведени истражувања и анализи на актуелните субјективни и објективни текови за примарните потреби на заедниците, во 6 категории:
  • Локален и регионален економски развој;
  • Подршка на мали и средни компании и женско претприемништво;
  • Социјална инклузија на маргинализирани групи и заедници;
  • Заштита на човековата околина;
  • Справување со последици од глобалното затоплување;
  • Реализирање на тренинзи и обуки за дополнително образование;
Трасираме иднина и инвестираме во луѓе и организации кои ги прифаќаат принципите на модерно општество, кои ги промовираат стандардите и вредностите на сите заедници подеднакво и поттикнуваат имплементирање на претприемништво, иновации, технологии, личен раст и заедничка соработка.
Image