Kако дел од проектот „Економска вклученост и правда за жените од Западен Балкан“, поддржан од Austrian Development Agency, а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од регионот, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој, успешно се реализираа 6 обуки во општините Прилеп, Кривогаштани, Куманово и Крива Паланка, посветени на финансиска писменост и унапредување на женските економски права.
На обуките присуствуваа учесници од локалните заедници кои имаа можност да стекнат практични знаења и алатки за финансиско планирање и економско зајакнување со цел зајакнување на жените и поттикнување на женското претприемништво.
Експертот М-р Данијела Петрушева-Андонова од Фондација „Евро Центар“ беше ангажиран за спроведување на обуките, овозможувајќи висококвалитетни содржини и интерактивен пристап кон темите од областа на финансиската писменост.



