Одржана информативна сесија на 04 Април, посветена на третиот повик од програмата Интерег Европа, организирана од Секретаријат за Европски Прашања со Заедничкиот Секретаријат на Програмата.

Интерег Европа e кохезиона програма за меѓу-регионална соработка ко-финансирана од Европската унија. Вкупниот буџет на програмата од 379 милиони евра е наменет за поддршка на широк круг на потенцијални корисници на национално, регионално и локално ниво, преку финансирање на проекти од меѓу-регионален интерес и размена на искуства преку Платформа за учење на политики.