Улога во проекот: Носител на проекот

Цел на проектот: Промоција на вработување и самовработување на жените Албанките во општините Студеничани и Теарце

Резултат на проектот: Изработка на „Стратегија за долгорочно решение на проблемот со невработеноста на жените Албанки“. Стратегијата е  заснована на студија на жените Албанки во општините Студеничани и Теарце. Преку детална социолошка и економска анализа на овие две рурални општини, овој документ дава можни насоки и конкретни предлози за економски развој на двете општини преку ангажирање на жените Албанки (од една страна) и со надминување на општествениот сомнеж во руралната средина (од друга страна). Во својата содржина и во препораките, овој документ е применлив за секое опкружување кое има ист или слично дефиниран профил.

Финансирано од УСАИД МЛГА

Grant No.: G-010-05-03/10